За нас

ПЗУ Поликлиника Карпош е прва приватна Поликлиника во Куманово која успешно работи од 1995 година. Низ постојаното вложување придонесува за континуирано подобрување на квалитетот на услугите.
 
Нашиот тим е составен од 21 висококвалификувани:специјалисти, лекари по општа пракса,стоматолози,фармацевти,медицински сестри, менаџерски тим . Со грижата за вашето здравје сме спремни да ја освоиме вашата доверба и лојалност. Секогаш сме тука да ве посоветуваме, да ви се посветиме, да поставиме соодветна дијагноза, да дадеме соодветна терапија и сето тоа со цел ЗДРАВЈЕТО ПРЕД СЕ.
 
Поликлиника Карпош е лоцирана на две локации во Куманово. Првата се наоѓа во населба Карпош . Во нејзин склоп се општа амбуланта , стоматолошка ординација и аптека. Втората локација е на улица Трета МУБ- Куманово каде се наоѓа специјалистичка биохемиска лаборатирија.
 
Нашата мисија е да промовираме ефективни, прифатливи, достапни и интегрирани здравствени услуги како би ги задовилиле потребите на клиентите и пациентите,да обезбедиме услуги на модерна медицина базирана на докази,да им овозможиме на членови на едно семејство, од најмлад до најстар, да ги решат сите проблеми со своето здравје.

IMG_5431