Денеска планетата Земја го одбележува светскиот ден на здравјето 7-ми Април. Оваа година посветен на борбата против дијабетесот под мотото “Да го победиме дијабетот”.
Шеќерната болест претставува еден од најголемите здравствени проблеми и предизвици на модерното време со големи хумани, економски и социјални последици. Лицата со дијабетес имаат 2-4 пати поголема можност за мозочен удар и инфаркт на срце.
Во Македонија има околу 120.000 лица со дијабетес тип 1 и тип 2. Од нив околу 36 000 лица примаат инсулин.
Најчестите знаци, симптоми кои можат да бидат аларм за постоење на зголемени вредности на шеќер во крвта се следните : Зголемено чувство на жед, често мокрење, зголемен апетит, необјасниво губење на телесната маса, замор, заматен вид, споро зараснување на рани, чести инфекции.
Како да го победиме дијабетот?
-здрава исхрана
-редовна физичка активност
-редовни контроли
-придрзување кон лекарските совети