Тироидна жлезда

мај 23, 2016

Специјалистичко консултативна лабораторија ПЗУ Поликлиника Карпош – Куманово по повод Светската недела на тироидната жлезда од 23 -29.05. Ви овозможува попуст од 30% на сите испитувања на тироидната жлезда. 

Од 2002 година мерење на вредностите на TSH (тиреостимулирачки хормон) од крв  првото лабораториско испитување на секое новороденче во Македонија. Неонатален скрининг на тироидната жлезда е законски предвидено задолжително испитување на новороденчињата во Македонија. Оттука произлегува и сериозноста од пратење на функцијата на тироидната жлезда и понатаму низ животот. Кога станува збор за зачестеноста на заболувањата на тироидната жлезда, се движат од 5-6% од целокупното население. Лабораториската пракса има исклучителен удел во дијагностицирање и следење на овие заболувања. Таа се состои од испитување на вредностите на TSH (тиреостимулирачки хормон), fT4, fT3, total T3, total T4, калцитонин, anti TPO, anti TG и TRAb. Кој се спаѓа во ризични групи за заболувања на тироидна жлезда?

– Новороденчиња, фамилијарна историја на заболување на тироидна жлезда, пациенти со диабетес мелитус тип 1, пациенти кои имале испитувања кои вклучуваат зрачење во вратна регија, пациенти кои примаат подолго терапија литиум или амиодарон, трудници во првтриместар, пациенти со високи вредности на липиди, жени над 35-годишна возраст.

Информации на тел. 031/437788 или директно во просториите на лабораторијата на бул. III МУБ бр.1 (до слаткарница Јулија).

Објавено во Новости