Лабораторија

ПЗУ Поликлиника Карпош-Специјалистичка биохемиска лабораторија е основана 2006 година и има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на РМ, за изработка на лабораториски анализи од лабораториски упат- образец ЛУ-2.
 
Материјалот за испитување се зема во текот на целото работно време. По совет од Вашиот лекар, за одредени анализи потребно е да се дојде наутро, пред земање на првиот оброк.
 
Нашата лабораторија нуди можност за домашна посета со цел достапност и давање квалитетни, високо професионални услуги од областа на медицинската лабораториска дијагностика.
 
ПЗУ Поликлиника Карпош-Специјалистичка биохемиска лабораторија е дел од програмата EQAS(External Quality Assurance Services) за редовна месечна надворешна контрола.
 
Програмите за надворешна контрола за работата и перформансите на една лабораторија се прифатени низ целиот свет, како неопходна алатка за објективна проценка.
 
На овој начин се постигнува дополнителна контрола и сигурност во точноста на изработените анализи и издадените резултати.
Како лидери во креирањето на системи за надворешна контрола,  EQAS програмите се акредитирани со цел да одговараат на сите стандарди задолжителни за една клиничка лабораторија.

Анализи

 
Прочитајте повеќе

IMG_5244