ПЗУ Поликлиника Карпош-Специјалистичка биохемиска лабораторија е основана 2006 година и има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на РМ, за изработка на лабораториски анализи од лабораториски упат- образец ЛУ-2.
Материјалот за испитување се зема во текот на целото работно време. По совет од Вашиот лекар, за одредени анализи потребно е да се дојде наутро, пред земање на првиот оброк.
Нашата лабораторија нуди можност за домашна посета со цел достапност и давање квалитетни, високо професионални услуги од областа на медицинската лабораториска дијагностика.
ПЗУ Поликлиника Карпош-Специјалистичка биохемиска лабораторија е дел од програмата EQAS(External Quality Assurance Services) за редовна месечна надворешна контрола.
Програмите за надворешна контрола за работата и перформансите на една лабораторија се прифатени низ целиот свет, како неопходна алатка за објективна проценка.
На овој начин се постигнува дополнителна контрола и сигурност во точноста на изработените анализи и издадените резултати.
Како лидери во креирањето на системи за надворешна контрола, EQAS програмите се акредитирани со цел да одговараат на сите стандарди задолжителни за една клиничка лабораторија.